за нас

setbox.mk е повеќе од онлајн продавница. Тоа е идеја родена од секојдневието – моменти кога не знаеме што да однесеме на гости, како да израдуваме некој драг, или едноставно – кога ни треба практично решение, без многу губење време.
 
Веруваме дека вниманието и грижата може да се спакуваат – убаво, паметно и на време. Токму затоа, креираме сетови што се истовремено подарок и практично решение. Без шетање по продавници, без непотребен стрес – само избери, нарачај и добиј брзо, убаво спакувано, подготвено за моментот што следи.
 
Во нашите сетови има идеја, селекција со љубов, македонски производи, детали што се паметат и кутија што чува многу повеќе од производи – чува чувство.
 
Сетот зборува. Ти само избери за кого.