Патувањето е најубаво кога се дели.
Со некого со кого ги споделуваш авантурите, утрата и малите ритуали што прават да се чувствуваш како дома – каде и да си.
Travel Set е создаден токму за такви моменти.
Наменет е за двајца, за патување до 7 дена, без размислување дали нешто сте заборавиле или дали ќе треба да купувате основни работи на лице место.
Сетот нуди целосна хигиенска и козметичка поддршка за двајца – било да се работи за романтичен викенд, city break, летување, бизнис патување или спонтана авантура.
Сè е внимателно избрано, практично распределено и подготвено веднаш да оди во куфер.
Сетот содржи:
5 шампони (25 ml)
5 гелови за туширање (25 ml)
5 сапуни (15 g)
5 балсами за коса (25 ml)
5 лосиони за тело (25 ml)
2 пара хотелски папучи (затворен тип)
2 сета за заби (четка за заби + паста)
2 сета за бричење (брич + крем за бричење)
2 козметички сета (чепкалки за уши, памукче, турпија)



